Касами би влегол во владата на Заев заедно со Гаши

by Фокус

Биљал Касами нема проблем да влезе во владата предводена од премерот Зоран Заев во пакет во спротивниот табор во поделаната БЕСА на чело со Африм Гаши, брифираат за Фокус високи извори од опкружувањето на Касами.

Наспроти тоа, Гаши пред неколку дена јавно му порача Заев да избере кое крило на БЕСА ќе влезе во владата, бидејќи, како што рече, не сака недоразбирањата што ги имаат со Касами да ги пренесат и на Илинденска.

– Ако ние немаме проблем да влеземе и да ја поддржиме владата предводена од СДСМ каде се наоѓа и нашиот главен политички протовник ДУИ, тогаш не гледам зошто би имале проблем да бидеме во иста влада со некој со кој до вчера сме биле заедно – вели бизок соработник на Касами.

Инаку, Гаши контролира тројца, а Касами двајца од петмината пратеници на БЕСА, која се подели на две групи по неуспехот на партијата на локалните избори, кои од политички соработници станаа политички соперници.

И од двата табора на партијата неофицијално велат дека начелно договориле да станат дел од парламентарното мнозинство, но разговорите за конкретни ресори и функции треба да отпочнат следната недела.

В.С.

Поврзани новости