Судијата Кацарска го опомена Груевски дека ќе му го одземе телефонот

by fokus 14:19
14:19

На денешното рочиште во Кривичниот суд за предметот „Тенк“ на СЈО, судијката Добрила Кацарска го опомена Никола Груевски да не го користи мобилниот телефон во судница и да не пишува пораки. Доколку го направи тоа уште еднаш, рече судијката ќе му биде одземен.

Груевски на тоа одговори дека не пишувал порака на телефонот.

На денешното рочиште за набавката на мерцедесот од 580.000 евра на обвинителна клупа покрај Никола Груевски и Ѓоко Поповски не седна Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена бидејки е бремена. Во судница беа присутни и 11 сведоци предложени од одбраната.

Поврзани новости