Касами би соработувал и со ДУИ за албанските партии да излезат со еден претседателски кандидат

by fokus

Билал Касами од Беса вели дека тие уште од почеток побарале албанските политички партии да излезат со заеднички кандидат кој би ги максимизирал албанските гласови на овие претседателски избори.

-Ние како Движење БЕСА сериозно ќе анализираме за да најдеме кандидат кој би бил прифатлив за сите политички сили, и сметаме ке најдеме кандидат позади кој би застанала албанската опозиција како и другиот опозициски дел од општеството кој е мнозинство во Македонија. Сеуште не сме донеле ваква одлука, и секако дека и партискиот кандидат на Движењето БЕСА е една можност за реално да ја процениме нашата позиција на политичката сцена после сите оние турбуленции кои му се случија на Движењето БЕСА. ДУИ како и секогаш,кога ќе му ги затворат сите врати за соработка македонските партии му текнува на албанските партии и во овој случај кога од СДСМ кажаа дека ќе излезат со свој кандидат и не остави ни најмала можност да се излезе со консензуален кандидат на партиите на власт, им текна дека треба да се разгледа можноста за соработка со албанските партии. Како и да е ние како Движење БЕСА сме подготвени за соработка со сите албански политички субјекти со единствена цел да го максимизираме албанскиот глас, вели Касами.

Поврзани новости