509
Талат Џафери е претседател на Собранието и тој не ги претставува Албанците, тој ја претставува ДУИ, вели Билал Касами во интервју за Слободна Европа.
– Тоа се гледа низ целото двегодишно функционирање на Собранието. Јас останувам на тоа дека за Македонија да биде држава во која сите сакаме да живееме, мора да се тргне предрасудата дали некој на некоја позиција ќе дојде само заради тоа што е Македонец или Албанец. Македонија ќе ја биде само тогаш кога граѓаните ќе се определат за една личност без разлика дали е Македонец или Албанец, туку ќе се определат според тоа кои вредности ги претставува, вредности кои заеднички ги споделуваме, а тоа се европски вредности – вели Касами.