575
Премиерот на Летонија, Крисјанис Каринс, порача дека денеска нема да има одлука за Македонија и за Албанија, пренесуваат албански медиуми присутни на Самитот.
„Проширувањето е многу значајно за нас, но не сите земји се согласија за започнување на преговорите. Се бара едногласна одлука“, изјавил Каринс.
Дека денеска нема да има одлука потврдил и премиерот на Луксембург, Хавиер Бетел.