Борисов: Ништо не е готово, го советував Заев да не поднесува оставка!

by Фокус

За Северна Македонија и Албанија, ништо не е готово, само е одложено, изјави денеска премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави бугарскиот премиер Бојко Борисот, кој се спротивстави на предлог-заклучокот за одлагање на одлуката за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија за пролет.

-Албанија и Северна Македонија треба да добијат датум за преговори, бидејќи тоа би било историска грешка ако не им дозволиме да започнат преговори. Тоа би бил огромен удар за луѓето од обете држави кои заслужуваат да им се даде европска перспектива. Ако се направи таква грешка, тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе се појават, тоа ќе имаат џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина – рече Борисов.

Тој откри дека имал долг разговор со македонскиот премиер Зоран Заев, кого, како што рече, го советувал да не поднесува оставка, бидејќи, според него, има уште многу да се направи.

 

Поврзани новости