546
Приштинскиот весник „Коха Диторе“ на насловната страна објави карикатура која ја опишува вчерашната средба меѓу Курти и Вучиќ во Охрид, со посредство на Европската унија. Вучиќ одби да го потпише Анексот на Договорот за нормализација на односите, како што одби претходно да го потпише и самиот Договор. Иако Курти дојде со пенкало во Охрид, со намера да удрат потпис на спогодбата, Вучиќ си остана на зборот. Тој претходно изјави дека не му паѓа на памет да потпише капитулација на Србија.