Три лица исчезнаа, а еден се спасил откако се преврте чамец во Дунав

by Fokus

Три лица се водат како исчезнати откако чамец со четворица се преврте во водите на Дунав. Еден од четворицата мажи уапеал да се спаси, велат од белградската Итна помош.

Како што пишуваат српските медиуми, чамецот се превртел синоќа пред полноќ. На брегот на реката е најден мажот кој бил исцрпен и во кал во моментот кога дошла брзата помош.

„Тој човек успеал да исплива од Дунав. Пружена му е здравствена помош и пренесен е во болница“, вели дежурниот доктор.

Полицијата трага по трите исчезнати лица на возраст до 35, 36 и 37 години.

Поврзани новости