555
Партијата ВМРО-ДПМНЕ традиционално својата изборна кампања ќе ја започне од Охрид каде вечерва се очекува да биде одржан народен митинг под слоганот „Новата ера почнува“. Митингот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 19:00 часот.
Оваа партија со години наназад ја стартува својата изборна кампања од овој град, почнувајќи од осамостојувањето на земјата и првите избори во 1990 година.
Караванот на СДСМ, пак, ќе тргне од Битола. На плоштадот „Магнолија“ во Градот на конзулите вечерва Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата ќе одржат митинг кој ќе започне во 20.30 часот. Претходно митинзи на караванот ќе се одржат и во Демир Хисар, во 17:30 часот и Ресен во 19:30 часот.