Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка откако во близина на грчкиот град Лариса се судрија два воза при што загинаа најмалку 36 лица. Караманлис притоа се пожали на застарената состојба во која се наоѓала железницата.
-Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично, вели Караманлис во писмената изјава.
Објаснува дека кога се случува нешто толку трагично, не е можно да се прават дека не се случило, и додава дека иако е кусо време во политиката, смета дека „неопходен елемент на демократијата е граѓаните да му веруваат на политичкиот систем“.
-Ова се нарекува политичка одговорност. Поради тоа поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и инфраструктура. Чувствувам должност да го сторам ова како минимален знак на почит кон луѓето кои толку неправедно заминаа и преземајќи ја одговорноста за безвременските грешки на грчкиот државен и политички систем, вели Караманлис.
фото: Greek Reporter