Стразбур пресуди во корист на разрешената Виолета Дума

by Фокус 19:09
19:09

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда државата да им плати оштета од по 4.000 евра на пет македонски судии плус надомест за судски трошоци. Станува збор за судиите Снежана Геровска Попчевска, Гоце Јаксовски, Мирослав Трифуновски, Иво Поповски и Виолета Дума.

Сите судии пред европскиот суд се пожалиле дека за нивното разрешување немало фер сослушување, им биле прекршени основните човекови права и имало влијание на судската во извршната власт.

- Advertisements -

Според пресудата, во случајот со разрешувањето на судиите имало мешање на надлежности на тогашниот министер за правда Михајло Маневски кој е и подносител на барањето за разрешување.

Поврзани новости