Шефот на државата Ѓорѓе Иванов денеска на средба ги прими преставниците на „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“ Тања Каракамишева и Виктор Камиловски со кои дебатирале за неопходноста од спроведување реформи, како и за потребата од квалитетно високо образование.
Дел од професорите од контра-пленумот ги образложиле своите видувања во врска со предложените законски измени, а претседателот Иванов уште еднаш изразил загриженост за тенденцијата на поделби во академската заедница, Тој, истот така изразил жалење што била одбиена иницијативата за одржување заедничка средба со претставниците на Професорскиот пленум, Студентскиот пленум и на „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“.