Каракачанов: Бугарија може ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ

by Фокус

Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македoнија со ЕУ ако не се постигнe согласност во разговорите во рамки на мешовитата експертска македонско-бугарска Комисија за историски прашања, најави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во изјава за ТВ 24.

-Уште лани во ноември, пред 10 месеци запре работата на Комисијата за разгледување на историските проблеми. Тоа е доволна основа Бугарија да го постави тоа прашање многу јасно. Тоа сме го кажале сто пати во последните 10 месеци. Дека ако не се постигне согласност по тие прашања, Бугарија ќе возврати на одржувањето на првата меѓувладина конференција додека прашањата не бидат расчистени. Тоа е позицијата на Бугарија и таа е многу јасна за Скопје – рече Каракачанов.

На директното прашање, дали тоа значи дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција, Каракачнов директно одговара: „Се разбира“. Според него, досега само Софија правела компромиси, а Македонија не постапувала коректно.

-Вие се согласивте да го смените знамето, да ги смените името. А со онаа земја која секогаш и помагала на Македонија сметате дека може да постапите некоректно, Во меѓународните односи мора да има реципроцитет. И кога Бугарија се однесува џентлменски, се однесува коректно, кога и помага на Македонија, кога беше првата држава што ја призна Македонија, логично е да има реципрочно добро однесување и од другата страна – изјави Каракачанов.

Поврзани новости