И понатаму продолжува ВИСТИНСКОТО СЕПТЕМВРИСКО ЛЕТО во Македонија – детали

by Фокус
И понатаму во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
Во Скопје и околината и понатаму ќе се задржи стабилното, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура во текот на следните денови ќе се искачува до околу 31 степен.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости