Караџовски за нападите од ВМРО-ДПМНЕ: Тој што сака да помогне нека не филозофира, нека дојде на Инфективна

by fokus

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени прашан да ги искоментира нападите и барањето за оставка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека е скандал да се коментира дека тој е виновен за ширењето на вирусот.

Денеска кога излегов од дома се зареков дека нема за зборувам како што ме имате слушнато да зборувам. Во Комисијата имаме 17 луѓе, елитни лица од својата бранша. Да не одговорам на партијата, скандалот е уште поголем кога дел од тие луѓе коментираат доктор Караџовски е крив за ширењето на вирусот. Кој е крив во Германија? Меркел? Во Америка Трамп? Треба сите Комисии да ги сменат? Во Македонија има голем број на заразени. Зошто? Затоа што голем дел од мерките граѓаните не ги почитуваат. Не е крив Караџовски. Тој што сака да помогне нека не филозофира, нека дојде на Инфективна да помогне, ќе му дадам скафандер, ако не знае друго, нека изнесува медицински отпад. Ние не сме виделе фамилија, не сме виделе одмор, рече Караџовски.

 

Поврзани новости