407
Во програмата на Владата, која денеска, најверојатно, ќе биде изгласана, не гледам излезни решенија, туку идеи, предлози и желби, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.
Според него, генерален реизбор на судии не може да биде извршен, согласно постојниот Устав и законите.
-Кога ќе биде формирана владата и ќе имаме нов министер за правда, ќе разговараме.Но, хајката што се прави против судиите, дека тие се безмалку мафијаши, исполитизирани и не знаат да работат, е закана, вели Караџовски и додава дека мора да има конкретна одговорност за секој судија.