Караџовски не открива зошто беше повикан во Обвинителство: Кој ве информирал дека сум бил таму?

by fokus

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, одби да одговори зошто беше повикан денеска на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција. По завршување на распитот во изјава за новинарите тој само кратко рече дека имал службени обврски.

-Кој ве информирал дека сум бил таму? Имав службени обврски, не можам да ви кажам сега во врска со што – рече Караџовски.

Според неофицијални информации Караџовски бил повикан да даде исказ во врска со додатоците на плата од 35 отсто кои си ги изгласаа членовите на Судскиот совет во декември 2018 година. Со тоа членовите си ги зголемија платите за 21.000 денари во последните три месеци од годината. Караџовски потврди дека ја потпишал оваа одлука,

-Да, како претседател на Судскиот совет и одлуката за надоместоците дека се обезбедени средства и решението за исплата на додатоци на плата ги потпишав јас, а за мене заменик претседателот – рече тој.

Поврзани новости