Караџовски: Едно лице позитивно на корона вирус не е закана за останатото население!

by fokus

Д-р Жарко Караџовски од Инситутот за јавно здравје упати смирувачки тонови кон населението, додавајќи дека не треба да се шири паника за првиот позитивен случај на корона вирус во Македонија

„Лицето е 1970 родено и веќе подолг период престојувала во Италија. Сите кои доаѓаат од Итлија, се третираат како лица кои доаѓаат од земја со корона вирус. Граничната полиција поставува шест епидемиолошки прашања. Уште еднаш апелирам дека едно позитивно лице не претставува ризик за останатото население. Сакам да упатам смирувачки тонови до населението. Јас сум 24 подготвен да одговорам на обврските. Ништо не не изненадило. Ние не можеме да го спречиме трансферот на луѓе, стока и капитал“, истакна Караџовски.

Поврзани новости