Караџоски: Нема да се зарази тој што гласа, туку тој што не ги почитува мерките

by Fokus

Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК, но ние не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради Kовид. Затоа што никој во нашиот нормален живот нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, вели Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски во интервју за „Слободен печат“.

Според Караџоски, за ширење на коронвирусот се виновни грааѓаните, кои не ги почитуваат мерките, но и сите други„ За време на првомајските празници ние како стручна комисија издадовме соопштение за мерки на претпазливост, но Главниот кризен штаб и Владата усвоија нешто сосема друго“.

Тој  не е навреден што во последниве денови по него се фрлаa дрва и камења, вели над него има други, а неговата стручност е неспорна

-Имам над 35 епидемии зад мене. Затоа на почеток предвидов дека ќе имаме над 2.000 позитивни и 150 до 200 смртни случаи, вели тој.

Караџоски очекува вакцина кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година.

Целото интервју на „Слободен печат“

Поврзани новости