Караџиќ во Британија ќе ја издржува казната доживотен затвор

by fokus

Велика Британија прифати на нејзина територија да биде префрлен поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, заради издржување на казната.

Караџиќ е во притворскиот центар на ОН во Хаг и чека да биде префрлен во затвор надвор од Холандија, каде ќе ја издржи казната, меѓу другото, и за неговата улога во масакрот во Сребреница за време на босанската војна.

Тој беше осуден на доживотен затвор од Хашкиот трибунал за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.

 

Поврзани новости