Валандовскиот градоначалник со благодарници до медицинските сестри: Вие сте пример во заедницата!

by fokus

Валандовскиот градоначалник Перо Костадинов, денес по повод Денот на медицинските сестри, беше во посета на здравствените ординации во општината и им додели благодарници на медицинските сестри.

Тој им се заблагодари на пожртвуваноста и порача дека тие се пример во заедницата, покажувајќи голема професионалност во справувањето со корона вирусот.

-По повод 12 мај – Денот на медицинските сестри, заедно со директорот на ЈЗУ Здравствен дом – Валандово, Роберт Марков ги посетивме здравствените ординации во Валандово, им го честитавме меѓународниот ден на нашите медицински сестри и им се заблагодаривме за преданата и пожртвувана работа до сега.

Во име на граѓаните на општина Валандово на медицинските сестри од општината им врачивме благодарница во форма на плакета за особен придонес при справувањето со Covid-19 во општина Валандово и грижата кон граѓаните и нивното здравје изминатиот период.

Медицинските сестри ја заслужуваат нашата благодарност за сета пожртвуваност и професионалност при вршење на сопствената служба и се за пример во заедницата. Нека им е честит Денот на медицинските сестри и нека ги служи добро здравје – изјави градоначалникот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости