Капацитетите на Инфективната клиника се речиси пополнети, таму се лекуваат повеќе од 90 пациенти и има уште неколку слободни места.
Директорката на клиниката, Милена Стевановиќ во изјава за медиумите вели дека засега не е примен пациент во монтажната болница која се постави, во случај да се пополната капацитетите на Клиниката.
-При првото исполнување, ако биде тоа во дванаесет часот ноќеска, тогаш ќе биде примен следниот пациент во монтажната болница. Очекувањата се да има уште повеќе пациенти сега и затоа сме подговтвени за тоа се очекува од нас, да дадеме нега и третман на секој болен. До каде ќе оди ситуацијата никој не може да предвиди, вели Стевановиќ за Телма.
Бројот на заразени со корона вирус секојдневно расте, а вчера за прв пат над 23 отсто од тестираните пациенти, беа позитивни.