903
Доктор Мирсад Пецо, кој беше кандидат на Партијата за демократска акција (СДА) за градоначалник на Травник, почина денеска во болница од последиците на коронавирусот.
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина не може да потврди како ќе постапат во овој случај бидејќи сe уште официјално не добиле потврда за смртта на кандидатот.
Општинската изборна комисија на Травник не можеше да коментира што следи според Изборниот закон на БиХ, бидејќи ова е прв случај на смрт на кандидат за градоначалник на денот на локалните избори.