Австрискиот амбасадор и Османи ги посетија роднините на момчето од Велешта кое загина во нападот во Виена

by Фокус

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со австрискиот амбасадор, го посетија семејството на Неџип Вранези, кој го загуби животот во терористичкиот напад во Виена. Роднините на Неџип вчера се вратија во Австрија, а делегацијата ја пречека чичкото Гајур Каба.

Османи рече дека тероризмот не се идентификува ниту по народ, ни по вера, ниту по одредена група туку по индоктринирани индивидуи.

-Исто како и извршителите, и жртвите можат да бидат од каде било, со какво било потекло и на кое било место. Сите ние сме на некој начин жртва на оваа закана, сите сме потенцијална мета, и затоа мора заеднички да се спротивставиме и да се одбраниме од ова зло – рече Османи.

Амбасадорот Георг Вуцас пак рече дека ова е болно. Според него за овој случај вината не е колективна, туку индивидуална.

-Ова се индивидуалци кои се радикализирани. Точно овој пример дека терористот доаѓа од оваа земја, но исто така и жртва доаѓа од оваа земја, така што не можеме да обвиниме една група. Нема колективна вина, туку индивидуална – истакна тој.

Трагичниот настан во Виена се случи на 2 ноември кога животот го загубија 4 лица во терористички напад. Меѓу жртвите беше и Неџип Вренези, 21 годишно момче од струшко Велешта, кој беше убиен од Кујтим Фејзули, исто така со потекло од земјава, поточно од Челопек.

Поврзани новости