516
Од партијата ТМРО, на Ванчо Шехтански, се сомневаат во изборни нерегуларности затоа што нивниот кандидат за градоначалник на Општина Аеродром се води како починат.
На барањето за издавање на уверение за неосудуваност во Основниот суд Битола, од ТМРО добиле писмен одговор дека лицето е починато.
-Иако човекот е жив и здрав – велат од партијата.
На овој начин на кандидатот И.П., додаваат од таму, му било оневозможено поднесување на кандидатура.
„Сеуште незапочнати, локалните избори упатуваат на сериозни нерегуларности, кои директно влијаат на изборниот резултат“, додаваат од таму.