ДС: Прво избор на судија па после обука во Академијата

by fokus

Демократскиот сојуз смета дека реформите во правосудниот систем се од круцијална важност за обезбедување на правна сигурност и еднаква примена на законите.

„Во оваа насока предлагаме прво да се врши избор за судија и тоа за во првостепените судови, а по изборот да се упатуваат на обука во Академијата за судии и обвинители. Сегашната поставеност овозможува преку приемот (лесен) во Академијата, дефакто се врши и избор за судија што е своевиден апсурд. Во таквата законска регулатива, Републичкиот судски совет  врши само  верификација на кандидатите кои ја посетувале Академијата“, велат од партијата на Павле Трајанов.

За избор на судија, додаваат од таму, мора да има цврсти критериуми, помеѓу другото, а работното искуство треба да биде еден од критериумите.

„Воедно предлагаме без претходно искуство како судија, да не може да се избираат кандидати за во повисоките судови, што беше досега пракса, која го рушеше кредибилитетот на повисоките судови, посебно на Врховниот суд“, посочуваат од ДС.

Поврзани новости