Пратеничката Емилија Александрова денеска даде изјава, зборувајќи во мнозинство, во која го осудува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски кој бара уште сега Собранието да ратафикува влез на Македонија во НАТО. Во осумтте независни пратеници кои потекнуваат од ВМРО ДПМНЕ спаѓа и пратеничката Елизабета Канчевска Милеска.
Порталот Вечер ја праша пратеничката дали се согласува со ставот на својата колешка Александрова:
– Сега од вас слушам за пресот на колешката Емилија Александрова, не сум запознаена ниту консултирана. Јас денес не бев во Собрание, бидејќи имав некој други обврски. Секој може да доставува предлози и иницијативи до собранието , секој може да има различен став и мислење по одредени прашања, и кога ќе ја видам таа иницијатива тогаш и би се произнела, никогаш не бегам за било каков став кога станува збор за нешто што е од суштински интерес за нашата држава, тоа е и всушност демократија. Воопшто не сметам дека предлогот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски за ратификација за членството во НАТО е за осуда, напротив тоа е само чекор поблиску до остварување на таа цел. И пред се потврда дека без поддршката од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени ова прашање, поточно членството во НАТО не можеше да се реазлизира. Мислам дека тоа прашање треба да се затвори, да се обединиме, за да можеме да продолжиме понатаму, вели Канческа Милевска.