Апелација можеби во среда ќе расправа за притворот на Бојан Јовановски

by fokus

Апелацискиот суд денеска не ја разгледувал жалбата за притворот првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

Од Апелацискиот суд за МИА, информираат дека денеска не е одлучувано по жалбата за притворот на Бојан Јовановски – Боки 13 и дека е можно да се состанат во среда.

– Беше закажано за денеска, но тој го повлече предлогот за јавна седница и сега ќе се одлучува на нејавна седница. Утре не, можно е во среда да се состанеме, информираат од Апелацискиот суд.

Бојан Јовановски во меѓувреме останува во притвор во КПУ Затвор-Скопје, каде што беше вратен по неколкудневна хоспитализација во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој заедно со Бојан Јовановски – Боки 13, обвинети се и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичееч, кои се наоѓаат во домашен притвор.

Поврзани новости