Канческа – Милевска: СЈО кажува трач муабети

by fokus

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска на прес конференција рече дека информациите на СЈО се неточни и невистинити и ги отфрли во целост.

Канческа-Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, се првоосомничените во двете нови истраги кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а денеска ги презентираше пред јавноста како „Тврдина“ и „Топлик“.

„Тоа се рекла-казала, трач муабети, груба манипулација со кои СЈО сака да стави дамка на моето работење и на вработените во Министерството за култура. Сите предмети се чисти како солза“, изјави Канческа Милевска која на средбата со новинарите дојде со материјали, за кои тврди дека се доказ за нејзиното законско работење во ресорното министерство.

„СЈО докажа дека работи по инструкции на СДСМ и работи површно, без анализа и аналитика, врз основа на паушални претпоставки. Целиот проект е воден согласно законите“, додаде министерката.

Поврзани новости