470
Екс министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска не се појави на седницата на Апелација, каде судот треба да се изјасни за користењето на снимките од прислушуваните разговори во случајот Тендери, каде таа е првообвинета.
Четворицата адвокати во нејзино име бараат „бомбите“ во случајот со изградбата на Музејот на ВМРО да не важат како докази.
Вчера, седницата во Апелациониот суд на која што требаше да се разгледаат жалбите на СЈО поднесени по одлуката на Кривичниот суд да ги одбие „бомбите“ како доказ во случајот Тендери се одложи.
Како што појаснија од Апелација, претседавачот на Советот, судијката Лилјана Шопова била на службен пат.