Митровски овозможил општинско земјиште да биде продадено за 1 евро од м2

by fokus 11:06
11:06

Повеќе лица се осомничени во предметот за незаконско приватизирано земјиште во сопственост на општината Ѓорче Петров за што утринава беше уапсен екс градоначалникот, Сокол Митровски. Како што информираат од Основното јавно обвинителство осомничените овозможиле земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за м2 иако пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока.

Од обвинителството велат дека преземаат дејствија против повеќе инвовлирани лица кои овозможиле приватизирање на земјиштето.

- Advertisements -

„На приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето. Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро/м2“, велат од Обвинителството.

Поврзани новости