Кан: Жените носат „малку облека“ затоа има сексуално насилство

by Fokus 22:05
22:05

Премиерот на Пакистан, Имран Кан се соочи со критики откако за порастот на сексуалното насилство во земјата ги обвини жените кои носат „многу малку облека“.

– Ако жената носи многу малку облека, тоа ќе има влијание, ќе влијае врз мажите, освен ако не се роботи. Мислам дека тоа е здрав разум, истакна Кан во интервју за Аксиос на Ејч-Би-О (Axios HBO) за време на викендот.

- Advertisements -

Кан, одговарајќи на новинарско прашање дали начинот на облекување на жената може да предизвика сексуално насилство, наведе дека тоа зависи од општеството.

– Ако живеете во општество во кое луѓето не навикнале да гледаат такви работи, тоа ќе влијае врз нив, истакна Кан.

Активистите за човекови права и од опозицијата побара извиинување од Кан.

Тоа е вторпат за два месеца Кан да изјави дека облеката на жената предизвикува сексуално насилство. Тој во април за државната пакистанска телевизија тврдеше дека носењето бурка би ги заштитило жените од сексуално насилство.

Сексуално вознемирување и насилство врз жени не се реткост во Пакистан. Речиси илјада жени секоја година се самоубиваат поради „чест“ односно поради наводно кршење на конзервативните норми за љубовта и бракот.

Поврзани новости