Неправилното паркирање е причина за голем број на сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите. Затоа, РСБСП потсетува дека возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило:
– на обележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од 10 метри од тие премини,
– на крстосница и на оддалеченост помала од 10 метри од најблискиот раб на напречниот коловоз,
– на мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од 15 метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници,
– на место на кое возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци,
– на велосипедска патека, односно лента,
– на тротоар, односно пешачка патека,
– на дел од јавен пат, односно на оддалеченост помала од 15 метри од премин на патот преку железничка пруга во исто ниво,
– на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот,
– на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај, – на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило, пред влез во објект, двор или гаража, на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови,
– на места предвидени за движење и паркирање на возилата на лица со посебни потреби,
– на паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано место за паркирање на возила за лица со посебни потреби, и др.РСБСП упатува апел: Покажете грижа за безбедноста на децата, пешаците, велосипедистите, лицата со посебни потреби и другите учесници во сообраќајот.
ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО
ПР