Вработени во јавното претпријатие „Водовод и канализација“ се здобил со тешки телсни повреди откако во него удрило товарно моторно возило “Исузу М55“ движејќи се во рикверц.
Според полицијата вчера утринава во село Кондово во кругот на објект на Јавно претпријатие “Водовод и Канализација“ Б.Д.(52) од Скопје управувајќи со скопски регистерски ознаки, додека се движел наназад во насока кон влезот на објектот, со задниот дел од возилото удрил во пешакот Н.А.(51) од Скопје, вработен во Јавно претпријатие “Водовод и Канализација“.
Н.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската Општа Болница Свети “Наум Охридски“ каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и истиот бил задржан за понатамошно лекување. На местото на настанот извршен е увид, се работи на целосно расчистување на случајот, додаваат од МВР.