Заработил 20.000 евра прогнозирајќи фудбалски натпревари и мислел дека ќе се извлече без да плати данок

by fokus 11:52
11:52

23-годишник од Македонски брод успеал да заработи 20.089 евра во текот на 2016 година давајќи интернет услуги за прогноза на фудбалски натпревари на лица од целиот свет. И покрај големата заработка, не ја исполнил својата обврска 10 отсто од заработката да и плати на државата за персонален данок.

Според полицијата, А.С. парите ги примил преку брз трансфер на пари. На тој начин избегнал да ги прикаже во годишната даночна пријава за Задолжителен персонален данок од доход.

- Advertisements -

Од Министерството велат дека А.С. го го оштетил Буџетот на Република Македонија за 123.550 денари. Против него е поднесена кривична пријава за „даночно затајување“.

 

Поврзани новости