656
Кандидатот за градоначалник на Скопје, поддржан од Левица, Петар Георгиевски – Камиказа, во вечерашното соочување на „360 степени“ со останатите кандидати за градоначалник на главниот град зборувајќи на тема урбанизација рече дека доколку победи, ќе ги заврши сите започнати проекти од актуелниот градоначалник.
-Ќе ги завршиме сите проекти. Нема да рушиме и да фрламе пари за џабе. Шилегов ниту сруши нешто ниту направи, туку сега на крај на мандат руши брод колку да фрли магла во очите на граѓаните, рече Георгиевски.