Шаќири: Не можеме сите да се напикаме во центарот на градот

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Арбен Бени Шаќири од коалицијата „Одлучно за промени“, во вечерашното соочување на „360 степени“ со останатите кандидати рече дека во главниот град мора да почне да владее редот.

-Ќе се залагам плановите да ги изработуваат стручни лица од областа на екологија, архитекти, просторни планери итн. Влијанијата од страна и дивеењето на градежната мафија, иако не ми се допаѓа овој збор, под итно ќе престане. Скопје треба да биде, урбан, модерен, регулиран и град каде што владее ред и поредок. Не можеме сите да се напикаме во центарот на градот, рече Шаќири.

Поврзани новости