471
Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос ја повтори позицијата дека кога Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент, неговата партија „Независни Грци“ ќе ја напушти Владата.
„Нашата соработка со Владата, нашиот престој во Владата ќе биде се додека не дојде „нож до коска“, односно додека да дојде Договорот во грчкиот Парламент. Како што чесно и јасно, како што имаме изјавено, ние ќе си заминеме. Не постои појасна позиција“ – рече Каменос.
Тој повторно го изрази неговото несогласување со Договорот од Преспа, поради позицијата дека не прифаќаат сложено име со вклучен термин Македонија.