Камчев останува во притвор во “Шутка”, жалбата му е одбиена

by fokus

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор во “Шутка”, бидејќи судот му ја одби жалбата.

-Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по жалба поднесена од одбраната на Ј.К. против решение на судија на претходна постапка од 14.03.2021 година, донесе решение со кое жалбата се одбива и се потврдува решението на судијата на претходна постапка со кое на обвинетиот му се определува 30 дневен притвор по предлог на Основното јавно обвинителство, информираат од Судот.

Камчев беше приведен во неделата по информации на АНБ дека се подготвува за бегство. Обвинителката Лиле Стефанова побара притвор за Камчев како осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”.

Поврзани новости