Камчев нов газда на спорното земјиште на Водно

by Фокус

Дел од спорните парцели на Водно за кои опозицијата тврдеше дека се на премиерот Никола Груевски, преминаа во сопственост на Орка Холдинг, која е во сопственост на Орце Камчев, пренесува Алсат.

Според податоците од Централниот регистар, Орка Холдинг ја купила фирмата Сирах Инженеринг, во чија сопственост беа парцелите на Водно над вилата на Претседателот. Со тоа, и спорните парцели од  11.000 метри квадратни преминаа во сопственост на Орка Холдинг. Од регистарот е избришана старата мајка-фирма чие седиште беше во Белизе.

Освен сопственоста и седиштето, сменето е и раководството на фирмата која ги поседува парцелите. Избришан е досегашниот управител Ристо Новачевски, кој е кум на премиерот Никола Груевски од првиот брак. Како нов управител впишана е Кристина Камчева Стојчева, сестрата на Орце Камчев.

Поврзани новости