Судот ја замрзна сметката на Макпетрол

by Фокус 17:41
17:41

Доцна синоќа Скопскиот кривичен суд по барање  на Скопското обвинителство ја замрзна сметката на АД Макпетрол, јавува телевизија Телма. Одлуката е донесена експресно, иако според законот рокот за нивно донесување е до 72 часа.

Случајот за Макпетрол во Скопското обвинителство е отворен уште пред  една седмица, а МВР вчера објави дека поднела кривични пријави против 20 лица од раководството на компанијата, меѓу кои е и првиот човек, Андреја Јосифовски. Веднаш по објавувањето на информацијата Обвинителството го поднело барањето за замрзнување на сметката, а судијата истото го прифатил.

- Advertisements -

Иако Обвинителството има отворено само предмет сметката е замрзната согласно последните измени на Законот за кривична постапка во која и без истражна постапка и обвинение им се оневозможува на фирмите да работат што влијае на нивниот бизнис како што е случајот со Макпетрол.

 

Поврзани новости