Камчев му ги зема лекарите на Минчо Јорданов

by Fokus

Приватната болница „Ремедика“ од една успешна историја позади себе, во моментов се наоѓа во алармантна состојба, со недостиг од кадар, нарушени меѓучовечки односи, раскаран персонал, потпишани договори од илјадници евра за дел од лекарите и медицинскиот персонал што сакаат предвреме да го напуштат бродот, кој наводно тоне.

Според нашите информации, ваквата состојба не е од сега, туку почнала пред шест месеци, поточно од пред Нова година, кога дел од лекарите еден по еден почнале да преговараат со други болници за да заминат таму на работа. Последниот период работата се интензивирала, а понудите на лекарите на маса сѐ повеќе почнале да пристигаат. Некои од нив одреден период размислувале, додека, пак, други експресно ги донеле одлуките.

Нормално, дека најмногу понуди дошле од приватната болница „Аџибадем-Систина“, односно од бизнисменот Орце Камчев, кој според нашите извори ја повлекол речиси целата екипа на уролози од „Ремедика“ на чело со доктор Александар Мицковски, хирург-уролог, кој повторно се враќа во старото гнездо, од каде што претходно дошол на работа во болницата на Јорданов.

Сѐ повеќе доктори си одат, а сѐ повеќе и размислуваат да си одат. Не знаеме што точно се случува и со какви проблеми се соочува болницата, но се гледа дека нешто не е во ред. Многу голем проблем преставуваат и нарушените меѓучовечки односи меѓу вработените, што дополнително ја влошува целата атмосфера. Како ќе се продолжи понатаму и што ќе се случува, не знае никој. Едни меѓу други сите зборуваат“, објаснуваат за „Фокус“, лекари од болницата.

Според нашите информации, „Систина“ работи турбо, со полна пареа, а Камчев поединечно преговарал со дел од лекарите вработени во „Ремедика“ и им давал понуди што не се одбивале.

Јавна тајна е дека лекарите во приватните болници се многу повеќе платени од тие во јавното здравство, но, сепак, секоја болница си ја знае сметката, па според тоа одлучува – колку може да го одврзе ќесето?

Нашите извори уште тврдат дека бизнисменот лично преговарал, а со некои дури и по двапати се сретнале за да ја финишираат спогодбата.

Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости