Скопјанка силувана во нејзиниот дом, силувачот ѝ бил долгогодишен познаник

by Fokus

52-годишна жена од Скопје била силувана во нејзиниот дом, а силувачот бил 16 години постар човек со кого жртвата подолг период се познавала, соопшти полицијата.

„На 17.06.2022 во 13.30 часот во СВР Скопје, 68 – годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот 12.05/13.05.2022 во нејзиниот дом О.Н.(52) од Скопје, со кого се познавала подолг период, извршил обљуба врз неа“, се вели во соопштението од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости