Камчев ќе го бранат шест адвокати, а Мијалков тројца

by fokus

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков” во случајот “Плацевите на Водно” ќе го бранат тројца адвокати, и тоа Петар Василев, Миле Петковски и Звонко Давидовиќ.

Додека пак бизнисменот Орце Камчев ќе го бранат шест бранители и тоа Гоце Ристевски, Тони Менкиновски, Еленко Миланов, Антонио Апостолски, Саше Бошков и Александар Михајловски, кои беа присутни во судница. Сепак тој истакна дека дополнително ќе се изјасни кој од нив ќе го застапува во кривичната постапка.

Додека обвинителката Лиле Стефанова го даваше воведниот збор, судијата Илија Трпков два пати го опомена обвинетиот Камчев да внимава како се однесува во судница. Првиот пат му рече да не се врти наназад и да не разговара, а вториот пат го праша зошто цело време се смее.

Судењето за “Плацевите на Водно” стартуваше денеска. Обвинителката  Стефанова  го даде воведниот збор, а на следното рочиште закажано за 19 јули, обвинетите ќе се изјаснат за вина и ќе дадат воведен збор.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“.

Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

В.В.

Поврзани новости