Камчев ја тужи Македонија во Стразбур за притворот во предметот „Плацеви на Водно“

by Fokus

Осудениот бизнисмен Орце Камчев ја тужи Македонија пред судот во Стразбур поради притворот во предметот „Плацеви на Водно“, објави „Телма“. Тој се жали дека македонските судови не образложиле соодветно зошто му го продожувале притворот, и покрај тоа што нудел гаранции и алтернативни мерки со кои би се обезбедило негово присуство на рочиштата.

Камчев се жалел пред Стразбур во две апликации дека му биле прекршено право на слобода и правото на фер судење. Предеметот е објавен на веб страната на судот како комунициран до државата која треба да одговори на четири прашања.

Во апликацијата Камчев се жалел дека домашните судови не ги разгледале соодветно алтернативите на притворот, односно, неговите предлози за кауција, дека судовите не понудиле доволно причини за продолжувањето на неговиот притвор и не одговориле соодветно на неговите барања во врска со законитоста на одредени докази и за постоењето на превентивни мерки наметнати во друга кривична постапка која се води против него.

Се жалел дека Скопска Апелација не одржала јавна седница кога ги разгледувала неговите жалби за притворот, освен во една прилика.

Но државата не мора веднаш да одговори на прашањата на ЕСЧП. Според информациите на Телма до 9-ти јуни тече рокот за спогодување.

Доколку нема спогодба, продолжува постапката односно фазата на спор во која државата преку одговорот на прашањата ќе ја даде и својата одбрана која потоа оди кај на коментар кај апликантот и повторно кај државата да се произнесе на коментарот.

Поврзани новости