Камчев и Панделевски доставиле барање за нов времен пасош

by fokus

Првоосомничениот во случајот Империја, бизнисменот Орце Камчев, повторно побарал времен пасош, дознава Канал 5 ТВ.

Тој ова барање до скопскиот Кривичен суд го доставил во петок, но за тоа мислење ќе треба да даде и обвинителството.

Освен Камчев, нов времен пасош побарал и Цветан Панделевски кој исто така е еден од осомничените во случајот. Од Кривичниот суд велат дека доколку има некоја одлука ќе ја известат јавноста.Информацијата ја потврдија од Обвинителството од каде велат:

„Надлежен јавен обвинител кој постапува по предметот прими допис од судот со кој е препратен предлог – да се даде дозвола за издавање нова временска патна исправа. Обвинителот го разгледува барањето.“

Поврзани новости