Уапсена сопругата на Ал Багдади

by fokus

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган соопшти денеска дека припадници на турските безбедносни сили ја уапсиле сопругата на покојниот лидер на терористичката Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

– Америка објави дека Ал Багдади се убил во тунел и веднаш почна медиумска кампања, а јас сега првпат кажувам дека ние ја заробивме неговата сопруга и од тоа не направивме спектакл, истакна Ердоган.

Тој потсети дека припадници на турската војска претходно ги уапсиле и сестрата на Ал Багдади, нејзиниот сопруг и ќерка.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 27 октомври соопшти дека Ал Багдади го активирал елекот со експлозив кој го имал на себе во момент кога американската војска го лоцираше и го опколи во тунелите под неговото засолниште.

Поврзани новости