Бизнисменот Орце Камчев од вчера повторно се наоѓа во истражниот затвор „Скопје“, откако претходно неколку дена помина на Клиниката за кардиологија, бидејќи се жалеше на здравствени проблеми.
-Вчера, во 17 часот, притвореникот е вратен во затворот, во општа добра состојба, потврди за „Фокус“ дитекторот на затворот Филип Андов.
Камчев беше хоспитализиран на 30 јуни, по барање на бранителите, со образложение дека му се влошила здравствената состојба. Тој се жалел на гушење и болки во градите, поради што бил задржан неколку дена на клиниката.
Бизнисменот веќе три месеци е во притвор во затворот во Шутка. Тој на 16 јули ќе треба да седне на обвинителна клупа заедно со останатите обвинети во случајот „Плацевите на Водно“, бидејќи за тогаш е закажана главната расправа.
В.В.