Камчев дојде сам на „Рекет“, сопругата Ана имала температура

by fokus

Во Кривичниот суд се појави бизнисменот Орце Камчев, кој треба да сведочи денешното рочиште за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Во судница не се појави сопругата на бизнисменот, Ана Камчева, за која Камчев рече дека била со покачена температура, па затоа била спречена да дојде.

Судијката Васка Николовска Масевска побара на следното рочиште Камчева да донесе лекарска документација.

На обвинителна клупа повеќе не е Зоран Милевски Кичеец, кој откако призна вина беше осуден на три години затвор.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости