Во Струмица не дошол ниту еден граѓанин да се види со извршителите

by fokus 10:27
10:27

Во Струмица не дошол ниту еден граѓанин на Отворените денови коишто ги организира Комората на извршителите. Претседателот, Зоран Димов вели дека вчера биле во Струмица и не ги посетил ниту еден граѓанин. „Се чудам зошто не доаѓаат, мислам дека се води антикампања против нас и покрај навредите кон нас, ние сакаме да им излеземе во пресрет“, вели Димов.

Комората на извршители минатата недела најави Отворени денови со граѓаните кои се одржуваат во канцеларии на подрачјето на основните судови во повеќе градови низ целата држава.

- Advertising -

Граѓаните имаат можност да се сретнат со извршител и да се информираат за постапката на извршување и остварување на своите права.

По протестите кои се организираат против нив, извршитетелите порачаа дека на протестите неосновано се клеветени и навредувани со мнозу низок вокабулар со кој се руши нивниот авторитет.

Поврзани новости